Радовишани со нов триумф во Втората лига – со 3-1 на домашен терен ја совладаа прилепска Победа.
Момците на штипскиот стратег Горан Здравков продолжуваат во победнички ритам и сега со 13 бода се приближуваат кон врвот на табелата, односно кон местата што водат кон Првата лига.
Победничка фотографија од соблекувалната на Детонит Плачковица!