Ракомет

Тиквеш рутински славеше во Битола – Еурофарм Пелистер 2 без одговор за мотивираните кавадарчани!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Тиквеш ја запишаа својата втора овосезонска победа во Суперлигата, и тоа повторно на гостински терен. Кавадарчани со сигурна игра славеа против Еурофарм Пелистер 2 со 17:23 (8-13) и на најдобар можен начин се вратија на победничките патеки.

Младите битолчани мотивирано го отворија натпреварот и поведоа со 4-2, но следуваше експресна серија на гостите од четири погодоци, со која Тиквеш направи пресврт и повеќе не ја испушти предноста до крајот.

Иако Еурофарм Пелистер 2 успеа да се доближи на три гола разлика (12-15), неискуството и ограничениот ростер по отсуството на Французинот Одифред Баптист си го направија своето. Тиквеш со цврста одбрана и дисциплиниран напад ја контролираше играта до последниот свиреж, стигнувајќи до заслужен триумф во еден тежок натпревар под Битола.

Најефикасни поединци беа Димитар Коцев кај Тиквеш и Ненад Белистојаноски кај битолчани – двајцата со по четири погодоци.

Во следното коло, Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Пролет во Скопје, додека Тиквеш ќе има нов предизвик на домашен терен – против Еурофарм Пелистер.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се кандидира за нов мандат. Првиот човек на европскиот фудбал на состанокот...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!