Прва лигаФудбал

Тиквеш консолидиран – фудбалерите ги добија заостанатите плати, клубот повторно под капата на Општината

Сподели
ФОТО: ГФК Тиквеш
Сподели

Фудбалскиот прволигаш Тиквеш од Кавадарци повторно се врати под капата на Општина Кавадарци, откако турскиот спонзор не ги исполни обврските кон клубот. Со тоа, градоначалникот Митко Јанчев ја презеде иницијативата за финансиска стабилизација и започна процес на консолидација.

Играчите денес ги добија заостанатите плати, а од клубот порачаа дека исплатата е дополнителен мотив за позитивен резултат на претстојниот меч со Силекс во Кратово.

„ГФК Тиквеш е консолидиран! Денешната исплатена плата е мотив за следната победа во Кратово“, стои во клупското соопштение.

Градоначалникот Јанчев, пак, потврди дека паралелно со финансиското стабилизирање се работи и на подобрување на инфраструктурата.

„Во тек е реконструкција на теренот на градскиот стадион Тиквеш. Нашите фудбалери заслужуваат најдобри услови за тренинг и натпревари“, изјави тој.

Кавадарчани во новата сезона стартуваа со амбиции и составија конкурентен тим, но во првите осум кола освоија само осум бодови. Со консолидацијата и враќањето на стабилноста, во клубот веруваат дека резултатите ќе тргнат во позитивна насока.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

Трета лигаФудбал

Кои екипи најмногу разочараа во Трета лига регион 3, еден тим е вистински хит

По четири одиграни кола во Трета лига регион 3 има неколку екипи...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!