ФудбалЧетврта лига

Младост МФКУ убедлив, Бирлик го доби соочување со Вардар МАР, едно реми со четири гола

Сподели
Сподели

Изминатиот викенд се одиграа натпреварите од 2. коло на Општинската фудбалска лига во Валандово, а на трите натпревари беа постигнати висок број на погодоци – вкупно 13, а пак екипата на Чешвал беше слободна.

Убедлива победа од 0:4 забележа екипата на Младост МФКУ над Тиса. Резултатот на мечот го отвори автоголот на Џошкун Амедов во 16. минута за водство на гостинскиот тим од 0:1.

Во вториот дел Трајче Костадинов во 51. минута зголеми на 0:2, а веќе во 64. минута резултат беше 0:3 со погодокот на Никола Џонов.

Во 70. минута судијата Борис Дончев покажа на белата точка, а Костадин Зајков беше сигурен за конечни 0:4.

Многу неизвесен меч со пресврти и пет погодоци го одбележа натпреварот меѓу Вардар МАР и Бирлик од Дедели, за конечни 2:3 за гостинот.

Томче Зафиров по десет минути игра го отвори резултатот за водство на гостинот од 0:1, но по пет минути Милош Костиќ постигна гол за 1:1.


Домашниот тим направи и комплетен пресврт преку голот на Мартин Павлов во 25. минута за водство од 2:1 на полувреме.

Во вториот дел херој за тимот од Дедели беше Властимир Ѓорѓевиќ, кога во 58. минута погоди за 2:2, а десет минути подоцна и со втор гол обезбеди ново водство за Бирлик од 2:3, а воедно тоа беше и конечниот резултат.


Натпреварот меѓу Црвена Ѕвезда и Младост од Удово заврши без победник со четири погодоци за конечни 2:2.

Преку Дејан Зајков и Владмир Ѓоргиев домашниот тим имаше предност од два погодоци, а во 35. минута Петар Танчев постигна гол за 2:1 на полувреме. Во вториот дел Санде Тушев погоди за конечни 2:2.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК МЛАДОСТ МФКУ ➖ 2 2 0 0 7 0 +7 6
2 ФК БИРЛИК с.Дедели ➖ 2 2 0 0 8 4 +4 6
3 ФК МЛАДОСТ с.Удово ➖ 2 1 1 0 5 2 +3 4
4 ФК ЦРВЕНА ЅВЕЗДА ➖ 2 0 1 1 2 5 -3 1
5 ФК ЧЕШВАЛ ➖ 1 0 0 1 2 5 -3 0
6 ФК ВАРДАР МАР ➖ 2 0 0 2 2 6 -4 0
7 ФК ТИСА ➖ 1 0 0 1 0 4 -4 0


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11. коло од Пионерската суперлига. Дуелот се игра в четврток, 5 ноември,...

Втора лигаФудбал

Охрид го брани врвот, Пелистер чека кикс: три различни испити за водечките во Втората лига

Еден бод ги дели Охрид и Пелистер пред 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Охрид има 25 бода, Пелистер 24, а Работнички...

Поврзани написи
Младински фудбалФудбал

Скопје го пречекува Пелистер со шанса да го стигне на врвот во Пионерската суперлига

Три бода ги делат Пелистер и Скопје пред директната пресметка во 11....

ИнтернационалциФудбал

Тежок пораз за Брера Струмица во Германија, Хофенхајм со девет гола го заврши европскиот сон на струмичките младинци!

Македонскиот младински шампион Брера Струмица го заврши својот настап во младинската Лига...

КупФудбал

ФФМ донесе одлука: Тиквеш исфрлен од Купот, Вардар службено оди во четвртфинале!

Комисијата за натпревари на ФФМ на денешниот состанок, покрај другото, ја разгледа...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!