Фудбалерот на третолигашот Света Троица од Охрид, Никола Миткоски има вистинско ремек-дело откако од слободен удар постигна фантастичен гол во победата на неговиот тим од 3:1 над Влазними од Струга.
Со овој гол беше отворен резултатот во Охрид на мечот од 3. коло, а голманот на гостинскиот тим немаше можност за било каква реакција.
Екипата на Света Троица има одличен старт во новата сезона со две победи и едно реми, со седум бодови на своето конто е на врвот од табелата во Трета лига – Југозапад.