Прва лигаФудбал

Малески ја одведе Струга на врвот, Вардар ремизираше во Куманово со Башкими

Сподели
Сподели

Првата македонска фудбалска лига донесе нови возбудувања во 8. коло – Струга Трим Лум ја продолжи победничката серија и се искачи на врвот, додека Вардар ремизираше на гостувањето кај Башкими.

Во Струга, шампионот од пред две сезони со многу мака стигна до триумф против Пелистер (2-0). Херој на натпреварот беше „џокерот“ Христијан Малески, кој со два погодоци во самиот финиш му донесе нови три бодови на тимот на Бледи Шкемби. Прво во 84. минута ја искористи грешката на одбраната на битолчани, а потоа во судиското надополнување со втор гол ја запечати победата на својот тим. Струга со овој триумф ја продолжи импресивната серија без пораз и со вкупно 22 бода го презеде лидерското место на табелата.

Пелистер, пак, продолжува со големата криза – петти пораз во низа, сè послаба игра и само шест освоени бодови по осум кола.

Во Куманово, пак, Башкими и Вардар одиграа реми без голови (0-0). Натпревар исполнет со многу борба и тактичко надмудрување, но со малку вистински возбудувања. Најзрелата шанса ја имаше Марко Симоновски во првиот дел, кога излезе сам пред Давор Талески, но голманот на Вардар блесна со одлична интервенција. „Црвено-црните“ имаа неколку полу-шанси преку Омерагиќ и Талевски, но без реализација.

Средбата беше обележана и со инцидент на трибините – еден навивач се повреди по пад, па мораше да интервенира амбулантно возило, но според информациите од лице место, неговата состојба е стабилна.

Со ова реми Вардар го загуби првото место и сега заостанува два бода зад Струга (20), додека Башкими останува во горниот дел од табелата со 14 бодови.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Шар Планина ја доби Гевгелија – финалето ќе се решава во „мајсторка“!

Кошаркарите на Шар Планина возвратија на вистински начин и изборија решавачки трет натпревар во финалната серија за пласман во Првата македонска лига. Тимот...

Кошарка

Битка за елитата: стартува плеј-офот во Првата кошаркарска лига

По кратката пауза, викендов започнува највозбудливиот дел од сезоната во Првата македонска кошаркарска лига – плеј-офот кој ќе донесе еден нов суперлигаш. Четирите...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе го суди мечот меѓу Силекс и Брера, Доне Ристовски на Тиквеш и Шкендија

Утре со два мечеви се отвара 28. коло во Првата македонска фудбалска...

Фудбал

Масар Омерагиќ: Поддршката од УЕФА и претседателот Чеферин е силен поттик за реформите и развојот на македонскиот фудбал

На покана од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, претседателот...

ФудбалЧетврта лига

Турнирот „Ване Трајанов 2026“ во радовишко Злеово успешно заврши: Валаски Градба и Термоинг прв шампион

Со многу емоции, борба и спортски дух заврши Меморијалниот турнир во мал...

Фудбал

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин пристигна во Скопје – голема поддршка за македонскиот фудбал

На покана на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, претседателот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!