Кошарка

ФОТО: Крива Паланка со историски старт во ВАБА 2 лигата – две победи на домашен терен!

Сподели
ФОТО: КК Крива Паланка
Сподели

Женската екипа на Крива Паланка го имаше совршениот дебитантски настап во ВАБА 2 лигата, запишувајќи две победи во рок од два дена и тоа пред својата публика во салата „Бранители 2001“.

Во првиот натпревар, избраничките на тренерот Виктор Петровски ја совладаа Подгорица и ја впишаа првата, историска победа во европска конкуренција. Крива Паланка уште во првата четвртина стекна двоцифрена предност, која рутински ја сочува до крајот (49:45). Во триумфот блескаа Аби Нијхуис со дабл-дабл од 18 поени и 15 скока, Алексис Пул со 17 поени и 8 скока, како и Даја Грин и Михаела Алексовска со двоцифрен број на поени.

Само 24 часа подоцна, македонскиот претставник повторно покажа сила, овојпат против босанскиот тим РМУ Бановичи. Со агресивен почеток и водство од (29:14) по првите десет минути, Крива Паланка го контролираше резултатот до крајот и славеше со (79:69). Најрасположена беше Алексис Пул со 26 поени и дури 17 скока, додека Аби Нијхуис повторно запиша дабл-дабл (12 поени и 10 скока), а Грин и Алексовска дадоа значаен придонес во нападот.

ФОТО: КК Крива Паланка

Со максимален ефект (2-0), Крива Паланка се наметна како пријатно изненадување на стартот од сезоната. Следниот предизвик го имаат на 25 октомври на гостувањето во Австрија кај Клостеренбург, каде ќе се обидат да ја продолжат победничката серија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската...

Кошарка

КФМ и клубовите од Женската Прва лига ги договорија деталите за новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите –...

Кошарка

КФМ одржа работен состанок со клубовите пред стартот на новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!