Ракомет

Победи за Бутел, Прилеп и Вардар во 4. коло од Суперлигата

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Четвртото коло од ракометната Суперлига донесе нови возбудувања и победи и за Бутел, Прилеп и Вардар. Бутел Скопје славеше во Куманово (24-27), Прилеп ја одбрани својата тврдина против Пролет (35-33), додека Вардар ја продолжи перфектната серија со триумф над Тиквеш (25-30).

Во Куманово, домашниот тим долго време му парираше на Бутел предводен од Димевски, но гостите во вториот дел покажаа поголема смиреност. Николов со седум гола и одличните интервенции на Стојаноски и Трајкоски беа клучот за третиот триумф по ред на скопјани.

Прилеп пак одигра ефикасен и атрактивен натпревар со Пролет. Тимот на Наум Танески ја контролираше играта од стартот, отвори со серија 9-2 и до крајот ја одржа предноста. Иако скопјани во финишот намалија на минус два, домашните останаа цврсти и впишаа втора победа сезонава.

Во Кавадарци, Вардар уште еднаш ја демонстрираше својата моќ. Иако Тиквеш беше рамноправен во воведните минути, „црвено-црните“ брзо ја презедоа иницијативата и на паузата заминаа со шест гола предност. Во вториот дел, вардарци рутински го довршија натпреварот. Горига беше најпрецизен со осум гола, а дебитански настап забележа Жуниор Тузолана.

Бутел ја продолжува победничката низа, Прилеп покажа дека домашниот терен е сериозна предност, а Вардар останува единствената екипа со максимален ефект по четири кола.

Во следното коло Бутел Скопје ќе го пречека Еурофарм Пелистер 2, Куманово ќе гостува кај Пролет, Прилеп ќе му гостува на Алкалоид во Автокоманда, Пролет ќе игра дома со Куманово, Тиквеш оди кај Охрид, додека пак, Вардар и Еурофарм Пелистер ќе го играат најголемото ракометно дерби  во среда.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Ракомет

Втор повик за нови ракометни судии – рокот е до 31 март

Здружение на ракометни судии на Македонија објави втор повик за пријавување на...

Ракомет

Атлетик ја задржа Богојеска: младата репрезентативка останува до 2029

ЖРК Атлетик продолжува со градење на стабилен и перспективен тим, откако левиот...

Ракомет

Охрид и Олимпијакос со заедничка одлука: Без гостински навивачи во четвртфиналето од ЕХФ Купот

Ракометниот клуб Охрид излезе со официјално соопштение до јавноста во пресрет на...

Ракомет

Словачка со сигурен чекор кон Македонија, Украина поразена во првиот дуел – 11 гола на Турченко

Започна бараж-фазата за пласман на Светското ракометно првенство 2027, а вниманието во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!