Ракомет

ФОТО: Бјере незапирлив, ГОГ Гудме со победа над Пелистер во Битола

Сподели
Сподели

Еурофарм Пелистер го претрпе вториот пораз во Лигата на шампионите, откако пред својата публика во салата „Боро Чурлевски“ загуби од данскиот ГОГ Гудме со 28-31 (14-14).

Битолчани одиграа одлично прво полувреме и во еден момент имаа предност од пет гола (10-5). Сепак, со серија грешки и недоволна концентрација дозволија гостите да израмнат до паузата на 14-14.

Второто полувреме започна со пет минути без гол за домашниот тим, што Данците умешно го искористија за водство од 17-14.

Крилото Фредерик Бјере беше нерешлива загатка за одбраната на Пелистер и натпреварот го заврши со максимални 13 погодоци од исто толку обиди. ГОГ во продолжение ја одржуваше разликата од три до четири гола, а македонскиот првак само во еден момент успеа да се доближи на „минус еден“ (23-24).

Пропуштените шанси за израмнување скапо ги чинеа битолчани, па гостите со сигурна завршница ја запишаа победата.

Најефикасен кај Еурофарм Пелистер беше капитенот Дејан Манасков со девет гола, а Кирил Кузмановски додаде осум. Голманите Митревски и Хеидарирад имаа по три одбрани, додека кај ГОГ Бутаф се истакна со осум интервенции.

По двата порази во воведните кола, Еурофарм Пелистер ќе ја продолжи својата европска кампања на 8 октомври со гостување кај полската Висла Плоцк.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и во новата натпреварувачка сезона. Раководството на клубот одлучи повторно да му...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Поврзани написи
Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата...

Ракомет

Вардар ги дозна противниците: Против екипи од Франција, Германија и Полска

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ги дозна противниците за новата сезона во...

Ракомет

Кузманоски отвора ново поглавје: Македонскиот стратег заминува на Кипар

По неколку успешни сезони на домашната сцена, Горан Кузманоски е подготвен за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!