Трета лигаФудбал

Еуромилк ГЛ е незапирлив, Ржаничино се распука за лото победа, Куманово слави три бодови!

Сподели
ФОТО: ФК Еуромилк ГЛ
Сподели

Денес се комплетира второто коло во Трета лига – Север, а колото донесе многу возбудливи натпревари, голови и убедливи победи.

Најубедлив триумф забележа Ржаничино, кое со високи 7:0 го декласира новиот третолигаш Отља. Халил Калач постигна хет-трик, а во листата на стрелци се запишаа и Симеон Здравковски, Петре Тасевски, Филип Јаневски и Даниел Симоновски.

Беса од Сарај со голот на Леутрим Таири славеше над Лопате во дуелот на двата нови третолигаши.

Еуромилк ГЛ воопшто не остави простор за изненадување и со убедливи 4:1 го совлада составот на Фортуна. Искусниот Орхан Мифтар погоди за водство на полувреме, а во вториот дел Томче Павловски и Кирил Ристовски зголемија на 3:0. Шаќир Мемеди намали на 3:1, но во финишот Ахмед Бакијов ги постави конечните 4:1.

Во Слупчане немаше победник – Беса и Студеничани одиграа 2:2. Сунај Демири донесе водство за домаќините, а во вториот дел гостите направија пресврт преку Риад Кадри и Сабри Алиу. Сепак, во 84. минута Амир Бајрами израмни и донесе поделба на бодовите.

Куманово со два гола во финишот славеше со 3:1 над Пчиња. Газим Бакиевски го отвори резултатот во 23. минута, но само две минути подоцна гостите израмнија преку Димитар Стојановски. Во завршницата АМар Имери и Кристија Златковски донесоа голема победа за Куманово.

Како што веќе објави Спортска Мрежа, вчера Аеродром со 6:0 го совлада Башкими Љуботен, додека БВК Коњаре со 3:1 беше подобар од Кадино.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК Аеродром 2018 ➖ 2 2 0 0 8 1 +7 6
2 ФК ЕУРОМИЛК ГЛ АД ➖ 2 2 0 0 8 1 +7 6
3 ЗГ ФК КУМАНОВО ➖ 2 2 0 0 7 1 +6 6
4 ФК БВК КОЊАРЕ ➖ 2 1 1 0 4 2 +2 4
5 ФК РЖАНИЧИНО ➖ 2 1 0 1 7 1 +6 3
6 ФК ПЧИЊА 2015 ➖ 2 1 0 1 6 3 +3 3
7 ФК КАДИНО ➖ 2 1 0 1 2 3 -1 3
8 ФК БАШКИМИ ЉУБОТЕН ➖ 2 1 0 1 5 7 -2 3
9 ФК БЕСА – Скопје ➖ 2 1 0 1 1 4 -3 3
10 ФК ФОРТУНА 1975 ➖ 2 0 1 1 2 5 -3 1
11 ФК Студеничан ➖ 2 0 1 1 2 6 -4 1
12 ФК БЕСА с.Слупчане ➖ 2 0 1 1 2 7 -5 1
13 ФК ЛОПАТИ 97 ➖ 2 0 0 2 1 6 -5 0
14 ФК ОТЉА ➖ 2 0 0 2 1 9 -8 0

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови донесе две искусни имиња – Владица Брдаровски и Милош Гордич. Брдаровски...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Три победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново, која денеска ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија против...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Три победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново,...

Прва лигаФудбал

ФК Скопје: Ние сме подготвени и размислуваме само за победа

Скопје освои само три бода во првите шест кола од Првата фудбалска...

Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!