Трета лигаФудбал

Хоризонт Турново со девет гола го декласираше Малеш, Овче Поле со нова висока победа, радост за Тиверија!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Победа од Валандово запиша нов триумф, овојпат во Зрновци, совладувајќи ја Светлост со 1:3, во рамки на 3. коло во Трета лига – Исток.

Ристо Миленковиќ беше херој на гостите, откако уште во 20. минута донесе водство кое остана активно до полувремето. Во вториот дел Миленковиќ повторно се запиша во листата на стрелците, зголемувајќи ја предноста на 0:2 во 60. минута. Девет минути подоцна Славче Митовски намали на 1:2, но конечните 1:3 ги постави Оливер Маринковиќ во 91. минута.

Во Пробиштип, Рудар и Карбинци ги поделија бодовите ремизирајќи 1:1. Гостите поведоа преку Христијан Крстов во 25. минута и со гол предност заминаа на полувреме. Во вториот дел Димитар Герасимов постигна гол за конечни 1:1. Натпреварот го одбележа судијата Тоше Џамов, кој подели дури седум жолти картони за Карбинци и три за Рудар.

Тиверија конечно се израдува на првиот триумф, совладувајќи го Дојранско Езеро во Дојран со 0:2. Никола Јорданов погоди во 41. минута за водство на полувремето, а Ристе Каралијски во второто полувреме ги постави конечните 0:2.

Овче Поле без проблеми ја совлада делчевска Брегалница на домашен терен со убедливи 4:0. Двоен стрелец беше поранешниот капитен на Осогово, Тоше Манов, кој погоди во 54. и 89. минута. Резултатот го отвори Емил Рунчевски во 45. минута, а во второто полувреме стрелаше и Никола Лазев.
Овој натпревар премиерно ќе може да го следите на Спортска Мрежа, во понеделник од 21 часот на нашиот YouTube канал.

Поранешниот вицешампион на Македонија, Хоризонт Турново, на стадионот „Кукуш“ го декласираше Малеш од Берово со убедливи 9:1. Играч на натпреварот беше Ѓорги Коцевски, кој постигна дури пет погодоци. Искусниот Дејан Блажевски, кој се врати од пензија и повторно ги облече копачките (како што претходно објави Спортска Мрежа), погоди двапати, а по еден гол постигнаа Александар Черкезов и Кристијан Маналов. За гостинот од Берово стрелаше Александар Мишовски во 18. минута.

Во рамките на третото коло слободна беше екипата на Ударник од Пирава.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЗС ОВЧЕ ПОЛЕ ➖ 3 3 0 0 9 1 +8 9
2 ФК РУДАР 1947 Пробиштип ➖ 3 2 1 0 4 2 +2 7
3 ФК ХОРИЗОНТ ТУРНОВО АД ➖ 2 2 0 0 12 3 +9 6
4 ФК ПОБЕДА Валандово ➖ 2 2 0 0 6 1 +5 6
5 ФК КАРБИНЦИ ➖ 3 1 1 1 3 3 0 4
6 ФК Брегалница 1926 🔼 3 1 0 2 5 7 -2 3
7 ФК ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО 🔽 3 1 0 2 4 6 -2 3
8 ФК ТИВЕРИЈА 🔽 3 1 0 2 2 4 -2 3
9 ФК УДАРНИК 🔼 2 1 0 1 2 4 -2 3
10 ФК СВЕТЛОСТ ЗРНОВЦИ ➖ 3 0 0 3 2 8 -6 0
11 ОФК МАЛЕШ ➖ 3 0 0 3 3 13 -10 0

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на домашен терен ја совладаа Шкендија Арачиново со 2:0, а херој на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!