Трета лигаФудбал

БВК Коњаре пресилен за Кадино, висока победа од шест гола за Аеродром

Сподели
ФОТО: ФК БФК Коњаре
Сподели

Вчера со два натпревари беше отворено второто коло во Трета лига – Север, а беа постигнати вкупно десет погодоци.

Екипата на БВК Коњаре славеше со сигурни и високи 3:1 над поранешниот второлигаш Кадино на домашен терен.

Резултатот го отвори Јусуф Аљиу кој погоди во 28. минута од мечот, па така со 1:0 домашниот тим замина на полувреме. Во вториот дел Марко Ѓорѓиевски израмни во 48. минута на 1:1.

Неизвесноста беше се до 75. минута кога Руфат Чалафи постигна гол за 2:1 и нова водство на домаќинот. Веднаш втор жолт картон доби и Виктор Стефановиќ со што Кадино остана со играч помалку на теренот, а пак Арбин Курти во 81. минута постигна гол за конечни 3:1.

Аеродром, пак до врв ја наполни мрежата на Башкими Љуботен за триумф од убедливи 6:0. Стефан Богдановски во 15. минута го отвори резултатот и домаќинот во првиот дел имаше резултатска предност од еден погодок.

Во вториот дел од мечот кој се играше во Ново Лисиче беа постигнати пет погодоци, Аднреј Величковски и Александар Каланоски постигнаа по два погодоци, а пак Мартин Ацески беше стрелец на еден гол за конечни 6:0.


Колото се затвара десен со останатите натпревари, каде се среќаваат Беса од Сарај со Лопати во дуел на два нови третолигаши, Ржаничино ќе биде домаќин на Отља, Еуромилк ГЛ против Фортуна во дерби на денот, Беса од Слупчане ќе се соочи со Студеничани и локално дерби на Куманово и Пчиња.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!