Трета лигаФудбал

Реми во Мешеишта, пораз за Караорман, Влазними славеше во меч со осум гола!

Сподели
ФОТО: ФК Света Троица 2021
Сподели

Денес се одиграа натпреварите од 2. коло во Трета лига – Југозапад, а два натпревари завршија без победник, додека најмногу возбуди имаше во Струга, каде што беа постигнати вкупно осум погодоци.

Во Мешеишта, Славеј и Кораб одиграа 1:1. Домашниот тим поведе во првото полувреме со голот на Никола Секулоски, но во вториот дел Адем Колоња донесе израмнување за гостите. Славеј од 57. минута играше со човек помалку, бидејќи искусниот Секулоски беше исклучен од игра.

Големо изненадување приреди новиот третолигаш Напредок, кој на домашен терен во Ношпал го совлада некогашниот второлигаш Караорман со 2:1. Владе Јанакиевски го отвори резултатот во 41. минута, а на стартот од вториот дел Филип Кебаковски зголеми на 2:0. Гостите од Струга успеаја да го ублажат поразот преку Лука Богданоски во 73. минута.

Могила и Света Троица одиграа возбудлив натпревар со четири погодоци и реми 2:2. Охриѓани поведоа со два гола во првото полувреме преку Никола Миткоски и Хадис Сулејмани, но во продолжението Хакан Алимоски намали од белата точка, а Антонио Спировски во 60. минута израмни за домаќините.

Најголемата голеада се одигра во Струга, каде Влазними со убедливи 5:3 ја совлада Велешта. До полувреме домаќините имаа три гола предност преку Ерјон Амети, Денис Шадов и Аљтин Лога. Во вториот дел се запишаа и Рејхан Џелеши и Рехан Барајмоски. За гостите погодија Елмаз Шеи, Диели Каба и Едон Речи.

Кравари славеше домашна победа од 3:1 над Демир Хисар со комплетен пресврт. Гостите поведоа преку Аце Јанкуловски во 38. минута, но веќе по три минути Јовица Христовски израмни на 1:1. Во второто полувреме Темур Емини и Петар Јанкуловски ја потврдија победата на Кравари.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ВЛАЗНИМИ ➖ 2 2 0 0 10 5 +5 6
2 ФК Могила 2023 ➖ 2 1 1 0 7 2 +5 4
3 ФК СВЕТА ТРОИЦА 2021 ➖ 2 1 1 0 5 4 +1 4
4 ФК СЛАВЕЈ с.Мешеишта ➖ 2 1 1 0 3 2 +1 4
5 ФК КАРАОРМАН ➖ 2 1 0 1 5 4 +1 3
6 ФК КРАВАРИ ➖ 2 1 0 1 4 3 +1 3
7 ФК НАПРЕДОК с.Ношпал ➖ 2 1 0 1 4 4 0 3
8 ФК КОРАБИ ➖ 2 0 1 1 3 5 -2 1
9 ФК ДЕМИР ХИСАР ➖ 2 0 0 2 3 8 -5 0
10 ФК Велешта Унитед ➖ 2 0 0 2 3 10 -7 0

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Осогово не се појави во Велес, службена победа за Кеги Моби

Денешниот меч од 1. коло на Првата футсал лига во Велес меѓу...

Втора лигаФудбал

Крсте Крстев поднесе неотповиклива оставка, Осогово останува без тренер по седум кола

Крсте Крстев повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на Осогово....

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби дуелот со Башкими, тежок пораз од 15 гола за Победа Валандово, Ржаничино убедлив

Билјанини Извори продолжува во победнички ритам откако на гостувањето кај Башкими славеше...

Трета лигаФудбал

Дрита „испука петарда“, три бода за Вардар Брвеница, Љуботен со минимален пораз

Убедлива победа од 1:5 забележа Дрита над Скендербег од 5. коло на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!