Втора лигаФудбал

Варадиновски: Самиот резултат кажува многу, одигравме дисциплинирано!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање на фотографијата!
Сподели

Кожуф под водство на Иван Варадиновски е во страшна форма, откако по четири кола во Втора лига, тимот од Гевгелија го има еден од најдобрите напади со постигнати 12 погодоци и примени два погодоци, за најдобра одбрана во лигата.

Денес Кожуф на домашен терен и пред својата публика го декласираше тимот на Преспа со 7:1 со што тимот на Варадиновски продолжива да доминира во ВМФЛ.

Во изјава за Спортска Мрежа, младиот стратег истакна дека на мечот со Преспа од Ресен одиграле дисциплинирано, но и со сериозен пристап.

“Самиот резултат кажува многу, одигравме дисциплинирано и со максимално сериозен пристап од почеток до крај на натпреварот. Честитки до играчите и благодарност до навивачите”, вели Варадиновски за Спортска Мрежа.

Кожуф сезоната ја отвори со реми без голови (0:0) во Штип со Брегалница, дома го доби Новаци со 2:0, потоа следуваше убедлива победа над Саса во гости со 1:3, а денес лото победа над Преспа од 7:1.

Во следното коло тимот на Кожуф ќе игра со Охрид на “Билјанини Извори”, во меч кој секако ќе биде дерби на колото.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!