Ракомет

Ѓорѓески: „Одигравме одличен натпревар, особено во одбраната“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид го доби Езерското дерби со Струга на импресивен начин, триумфирајќи со убедливи 40-16 во второто коло од македонската ракометна Суперлига.

По мечот, чуварот на мрежата на Охрид – Даниел Ѓорѓески за Спортска Мрежа ја истакна важноста на поддршката од трибините и силната игра на тимот.

 „Секогаш кога играат Охрид и Струга е дерби, без разлика на соодносот на терен, а тоа се виде и денес на трибините – една одлична атмосфера од нивните навивачи, а посебно од нашата навивачка група Рибари. Ние одигравме еден одличен натпревар, особено во одбраната, па оттука и постигнавме многу лесни голови во транзиција и со тоа ја оправдавме фаворитската улога на овој натпревар.“

Ѓорѓески со девет интервенции, и тоа сите во второто полувреме, уште еднаш покажа зошто е еден од столбовите на тимот.

Атмосферата на трибините, убедливата игра на теренот и сигурната победа уште еднаш го потврдија Охрид како сериозен претендент во новата сезона.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шабани: Го респектираме противникот, но нашата цел се нови три бода

Струга Трим Лум им се врати на победите во минатото коло, а сега сака и нова три бода против екипата на Скопје. Капитенот...

Прва лигаФудбал

Ангелов: Време е да ставиме крај на негативната серија, време е за победи

Фудбалерите на ФК Скопје се во лоша резултатска низа, но не потклекнуваат со духот и се надеваат дека многу брзо ќе успеа да...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

Стрмљан предупреди пред реваншот: „Не смееме да ги потцениме, утре повторно мораме да бидеме на 100%!

Охрид е на чекор до пласман во следното коло од ЕХФ Европскиот...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!