Останато

Затворен трансфер периодот за играчи од домашното одбојкарско првенство

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Летниот трансфер период на Одбојкарската федерација на Македонија за играчите од домашното првенство официјално е затворен. Женските клубови од Првата и Втората лига беа најактивни, доставувајќи вкупно 66 пријави за промена на средината, додека кај мажите до федерацијата пристигнаа 27 барања за трансфери.

Интересен момент е враќањето на две репрезентативки и интернационалки на домашната сцена. Теа Терзиевска ќе го засили новиот прволигаш Газели Волеј, додека Тамара Стојанова повторно ќе го облече дресот на Работнички Скопје.

Шампионот Јанта Волеј КВ, пак, останува без две свои репрезентативки – Ива Стојкоска се пресели во Наковски Волеј, а Симона Стојановска се врати во матичниот Пелистер Волеј, кој оваа сезона ќе настапува како прволигаш.


Кај мажите најзвучното засилување е трансферот на репрезентативецот Стојан Илиев во редовите на Штип УГД, клуб кој ќе има европско деби оваа сезона. Средниот блокер Филип Лепидовски, пак, по долги години во шампионот Струмица 47&72, кариерата ќе ја продолжи во ГОК Борец.

Со тоа трансфер периодот е затворен за играчите кои настапуваат во клубови од македонското првенство, но клубовите сè уште имаат можност за засилувања. Според правилата, тие можат да ангажираат странски играчи или домашни одбојкари со статус на интернационалци до октомври. Европскиот трансфер рок останува отворен до 6 октомври за жените и до 20 октомври за мажите.


Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Утре стартува шестото издание на Втората женска лига: Осум екипи во борба за место во елитата

Утре стартува шестото издание на Втората женска фудбалска лига, во која во сезоната 2026/2027 ќе се натпреваруваат осум екипи. Новата сезона носи интересен...

Ракомет

Панов: Алкалоид е фаворит, но играме дома и сакаме да ги задоволиме сите со нашата игра

Младост со целосен фокус е на мечот од 4. коло на Супер лигата, во Богданци ќе го пречека Алкалоид во обид за изненадување...

Поврзани написи
Останато

Ивановски со победа над Хомола го мина првото коло во Пардубице

Македонскиот тенисер Калин Ивановски успешно го мина првото коло на ИТФ турнирот...

Останато

Струмица ќе биде домаќин на БВА Купот, Наковски Волеј во битка за ЦЕВ Челинџ купот

Македонскиот вицешампион во женска конкуренција, Наковски Волеј, ќе биде домаќин на годинешното...

Останато

(ФОТО) ШК Фламуртари од Радолишта со историски успех: Трето место во Првата шаховска лига на Македонија

Шаховскиот клуб Фламуртари од Радолишта забележа значаен успех на македонската шаховска сцена,...

Останато

Ѓорческа испушти водство и загуби од Зајцева во три сета на турнирот во Анкара

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!