Прва женска фудбалска лигаФудбал

Кои фудбалерки во Првата лига имаат најмногу жолти картони?

Сподели
Сподели

Пo осум одиграни кола во Првата женска фудбалска лига три фудбалерки имаат по четири жолти картони, па тоа значи дека ќе треба да бидат внимателни бидејќи со пет жолти картони ќе мораат еден натпревар да одмараат.

„Фудбалерот или службеното лице на клубот кое добило (5) пет жолти картони, ќе ја издржи автоматската казна забрана на играње/ вршење на функција од еден натпревар во следното коло“, се вели во членот 36, ставот 3 од пропозициите.

Сара Евтинџиоска од екипата на Скопје, како и Емилија Петковска од Атлетико од Битола имаат по четири жолти картони, а четири жолт картони има и тренерот на Атлетико, Никола Гелевски.

Три акумилирани жолти картони има Ана Димитровска која настапува за Каменица Саса, Ива Здравевска од Истатов, како и фудбалерките на Ас Јунајтед, Кристина Мојсоска и Јована Павловска.

Веќе утре ќе се одиграат натпреварите од 9. коло на Првата женска фудбалска лига, а најавата на колото кое ја направи Спортска Мрежа, можете да ја прочитате овде.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

ИнтернационалциФудбал

Македонија има фудбалски бисер во Америка – десетгодишниот Филип Јаневски ги тресе противничките мрежи!

Иако е роден и расте во Соединетите Американски Држави, десетгодишниот Филип Јаневски...

Младински фудбалФудбал

(ФОТО) Седум од седум за ФК Металург 2025 – 37 постигнати голови и големи амбиции за иднината!

Новооформениот ФК Металург 2025 има импресивен почеток на својата фудбалска приказна. Скопскиот...

ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!