Ракомет

Бисинов со голем пораз – Алкалоид како брз воз во Велес до убедлива победа!

Сподели
ФОТО: РК Алкалоид
Сподели

Дебитантот во Суперлигата екипата на Бисинов доживеа уште еден голем пораз овој пат од Алкалоид на домашен терен со резултат од 22:40.

Вицешампионот и освојувачот на Суперкупот имаше повеќе од лесен меч и обезбеди седма победа во низа и нови два бодови со кои барем до утре ќе биде осамен на врвот од табелата.

Бисинов и претходно доживеа големи порази, па фокусот повеќе од јасно ќе биде ставен на конкурентите во борбата за опстанок.

Марко Митев со седум погодоци беше најдобар кај Бисинов, пред Александар Петковски со шест гола и Мартин Серафимов со пет погодоци. а пак кај велешани најдобар беше Ивица Илиев со седум гола.

Во следното коло Алкалоид ќе игра против Пролет, додека пак Бисинов го очекува важен меч ќе гостува кај Радовиш. Меѓутоа, следниот предизвик за Алкалоид е во ЕХФ Европскиот Куп, следната сабота во Автокоманда ќе гостува екипата на Клаипеда Драгунас од Литванија.

 

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
Ракомет

Време е за големо дерби: Вардар Неготино со најдобар напад и најдобра одбрана против Радовиш

Дерби пресметка на два поранешни суперлигаши – Вардар Неготино против Радовиш во...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

Ракомет

Големото ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид ќе се игра во друга сала!

Големото скопско ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид, во рамките на 10....

Ракомет

Дербито меѓу Вардар и Алкалоид во малата сала на „Јане Сандански“

Вардар 1961 и Алкалоид ќе го одиграат дербито од 10. коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!