РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У21 не ја искористи бројчаната предност – минимален пораз од Италија во Битола

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година претрпе втор пораз во квалификациите за Европското првенство 2027, откако вечерва на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола беше поразена од Италија со минимални 0-1.

Пред околу 8.000 навивачи и во одлична атмосфера, македонските надежи не успеаја да ја искористат бројчаната предност откако гостите од 25. минута играа со фудбалер помалку по исклучувањето на Брандо Моруци.

Италијанците поведоа во 35. минута по еден прекин, кога Лука Маријанучи погоди за единствениот гол на мечот. Во второто полувреме Македонија се обиде да притисне и да израмни, имаше неколку удари од далечина и сомнителна ситуација за пенал, но без реализација.

ФОТО: Спортска Мрежа
ФОТО: Спортска Мрежа

Со овој резултат, избраниците на Горан Станиќ остануваат без бодови по првите две кола, откако претходно беа поразени и на гостувањето кај Полска.

ФОТО: Спортска Мрежа
ФОТО: Спортска Мрежа
ФОТО: Спортска Мрежа

Сподели
Поврзани написи
Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Костиќ: Не очекува тешко лето, Европската лига носи големо значење за нас

Интернационалецот Лука Костиќ и техничарот на Штип УГД, Давид Стојанов беа дел...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Јонузи: Со нова енергија и оптимизам влегуваме во Европската лига

Организаторот на играта на женската сениорска репрезентација на Македонија, Ерјона Јонузи, во...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Миленкоски го скрати списокот, Македонија продолжува со подготовки во Скопје

Селекторот Јошко Миленкоски и неговиот стручен штаб решија да им овозможат краток...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Хаџииљоски: Вие сте гордоста и иднината на македонската одбојка

Потпретседателот на Одбојкарската федерација на Македонија, Ивица Хаџииљоски, заедно со генералниот секретар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!