РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ВИДЕО: Стадионот „Петар Милошевски“ во Битола во полн сјај

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Битола, градот под Пелистер по цели три децении повторно ќе ја пречека македонската репрезентација. Денеска од 18:15 часот на стадионот „Петар Милошевски“ ќе се одигра квалификацискиот натпревар за Европското првенство 2027 меѓу младата селекција на Македонија до 21 година и репрезентацијата на Италија.

Битола за првпат по 31 година ќе биде домаќин на официјален репрезентативен меч, а новиот лик на стадионот „Петар Милошевски“ го прави ова случување уште поспецијално. Последен пат младинците играа на овој терен во 1994 година кога пристигна големата Шпанија.

„Кога зборовите се претвораат во дела. За рекордно краток рок, заедно со Општина Битола успеавме стадионот ‘Петар Милошевски’ да го претвориме во гордост на градот и во нов дом на македонската репрезентација. Горд сум на сите што беа дел од овој процес. Особено сум среќен што токму со натпреварот Македонија – Италија до 21 година Битола, по цели 31 година, повторно ќе биде домаќин на една наша репрезентација“, вели претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид го доби дербито со Работнички и остана на врвот, Брера изненадена во Кочани, реми во Радовиш

Деветтото коло во Втората македонска фудбалска лига донесе важни резултати во трката за врвот, но и неколку изненадувања. Охрид го доби дербито со...

Прва лигаФудбал

Гаје: Мора да ги искористиме шансите и да ја сочуваме мрежата

Шкендија на домашен терен го пречекува големиот ривал Вардар во дерби-пресметка во која тетовци ќе атакуваат на нови три бода. Шкендија посакува да...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторката Катерина Милеска го објави списокот на фудбалерки за квалификацискиот турнир во Грузија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години ќе учествува во квалификациите...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Горан Станковски го избра составот: Македонија У15 ќе настапи на Светското првенство во Баку

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 15 години, составена од играчи од...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската ракометна репрезентација ги започна подготовките за ЕП 2026, Македонија ќе игра турнир во Турција

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија го одржа собирот во Скопје, со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!