РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Барди: „Знаеме што нè очекува, победата е нашата единствена цел“

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската А репрезентација утре од 18:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се соочи со Лихтенштајн во квалификациите за Светското првенство. Со реми натпреварите против Велс и Белгија зад себе, нашите фудбалери имаат јасна задача — победа за скок на врвот на табелата.

Капитенот на репрезентацијата, Енис Барди, очекува тежок меч, но и триумф.

„Мислам дека ќе имаме тежок натпревар, така беше и во Вадуц додека не го отворивме резултатот. Сите сме свесни што нè очекува, направивме анализа и знаеме што треба да поправиме. Подготвени сме за дуелот, а три бода можат многу да ни значат за да го завршиме овој прозорец на првото место. Секогаш кога играме за Македонија, мотив не е потребен — победата е нашата единствена цел.“

Македонија ја совлада Лихтенштајн со убедливи 0:3 на првиот меѓусебен дуел, а утрешниот натпревар е шанса пред домашната публика да се потврди фаворитската улога и да се запишат драгоцени бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Јашар пред дуелот со „пиратите“: Ќе дадеме се од себе на крајот да се радува градот Штип и нашите навивачи

Брегалница и Скопје денеска во Штип го затвораат осмото коло од Првата македонска фудбалска лига. Штипјани сезонава на свој терен почнаа со две...

Прва лигаФудбал

Скопје е подготен за вечерашното соочување со Брегалница и се надева на позитивен резултат во Штип

Во последниот натпревар од осмото коло во Првата фудбалска лига, тимот на Скопје вечерва ќе гостува во Штип и ќе ги одмери силите...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Сара Митевска се пласира во осминафиналето на ЕП во Парма

Македонската тенисерка во третото коло ја совлада Унгарката Емеше Серкеди со 2-1...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Чурлинов го пропушта репрезентативниот циклус поради административен проблем во Полска

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов нема да биде во можност да настапи за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!