Ракомет

Куманово со тешка победа над Радовиш на стартот од Суперлигата

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | Забрането превземање! | АРХИВА
Сподели

Екипата на Куманово со многу мака и голема драма стигна до победа над Радовиш со 34-32, во дуелот од првото коло на новата ракометна Суперлига. Мечот во реновираната сала во Куманово донесе возбудлив ракомет, чести пресврти и неизвесност до самиот крај.

Радовиш подобро го отвори натпреварот и благодарение на расположените Постолов и Каковски во повеќе наврати имаше предност од три гола. Сепак, кумановчани, предводени од Ончев, Стојков и Димевски, успеаја да се вратат и на полувреме заминаа со негатива од два гола (15-17).

Во продолжението се играше гол за гол, а на десет минути до крај резултатот беше израмнет (28-28). Во клучните моменти подобро се снајдоа избраниците на тренерот Аце Станковски, кои ја искористија поддршката од публиката и со серија на голови стигнаа до важна стартна победа.

Најефикасен во редовите на Куманово беше Тоше Ончев со 10 гола, Стојков додаде 8, а Димевски 7. Кај Радовиш се истакнаа Здравко Постолов со 9 и Бобан Каковски со 7 погодоци.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат од 6:1 пред својата верна публика, со што тимот од Јосифово...

Ракомет

Стрмљан предупреди пред реваншот: „Не смееме да ги потцениме, утре повторно мораме да бидеме на 100%!

Охрид е на чекор до пласман во следното коло од ЕХФ Европскиот Куп, откако убедливо го совлада Спор Тото со 36-24 (18-10) на...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

Ракомет

Драмата меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП заврши без победник, Вардар Неготино го „прегази“ Шампион

Дербито меѓу Драчево Јуниор и Македонија ЃП понуди вистинска драма, а на...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!