РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Милевски: „Максимален респект за Лихтенштајн, но нашата цел се три бода“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Македонската А репрезентација денес од 18:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречека Лихтенштајн во рамки на квалификациите за Светското првенство. По реми дуелите со Велс и Белгија, нашите фудбалери ќе се обидат да ја остварат првата домашна победа во циклусот.

На официјалната прес-конференција, селекторот Благоја Милевски ја потенцираше фаворитската улога на Македонија, но и важноста од максимална сериозност:

„Сите играчи се здрави и подготвени. Имаме максимален респект за Лихтенштајн и воопшто нема да биде лесно. Додека сум селектор, никогаш нема да потценам ниту еден противник. Нашата цел е јасна — три бода кои се исклучително важни во моментов. Задоволен сум од изданието на фудбалерите кои дебитираа против Саудиска Арабија. Лука Станковски, Елмин Растодер и Решат Рамадани покажаа дека имаат квалитет и, се разбира, сметаме на нив и на натпреварите за бодови.“

За Македонија ова ќе биде втора пресметка со Лихтенштајн во групата, по гостинската победа од 0:3 во Вадуц, а „црвено-жолтите“ ќе ја бркаат првата домашна радост за квалификациски бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Сите погледи кон Радовиш, „рибарите“ во битка за лидерската позиција во Втора лига

Сите погледи утре ќе бидат насочени кон Радовиш и Тетово, каде што ќе се одиграат двата одложени натпревари од четвртото коло во Втората...

Прва лигаФудбал

Јашар пред дуелот со „пиратите“: Ќе дадеме се од себе на крајот да се радува градот Штип и нашите навивачи

Брегалница и Скопје денеска во Штип го затвораат осмото коло од Првата македонска фудбалска лига. Штипјани сезонава на свој терен почнаа со две...

Поврзани написи
Останати репрезентацииРепрезентација

Сара Митевска се пласира во осминафиналето на ЕП во Парма

Македонската тенисерка во третото коло ја совлада Унгарката Емеше Серкеди со 2-1...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Чурлинов го пропушта репрезентативниот циклус поради административен проблем во Полска

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов нема да биде во можност да настапи за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!