Втора лигаФудбал

Беласица започна со продажба на официјални ЈАКО дресови!

Сподели
Сподели

Македонскиот второлигаш Беласица од Струмица повторно ги изненади своите фанови со нова вест која сигурно ќе ја воодушеви синобелата публика.

Откако пред неколку дена клубот објави дека сите есенски домашни натпревари ќе се играат под рефлектори, сега под слоганот „Навивај за својот омилен тим“ беше претставена уште една новина – почнува продажбата на официјални ЈАКО дресови за навивачите.

Од клубот информираат дека од 15 септември сите љубители на Беласица ќе можат да ги нарачаат оригиналните дресови во комбинација плава-бела, во која тимот ќе настапува оваа сезона. Дресовите ќе бидат достапни за нарачка во просториите на клубот, а цената со вклучен принт изнесува 2000 денари.

Беласица сезонава влезе со амбиции за висок пласман во Втората лига. По првите две одиграни кола, тимот има една победа и едно реми, со освоени четири бода, што засега ги позиционира на петтото место на табелата.

Со новите дресови, вечерните натпревари и поддршката од навивачите, Беласица испраќа јасна порака – клубот сака да ја врати старата страст и препознатливата атмосфера на стадионот во Струмица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона ситуацијата на теренот е сосема поинаква, па претстојниот натпревар повеќе наликува...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска...

Трета лигаФудбал

Еден натпревар од Втора лига ќе се одигра утре

Денес со седум натпревари се отвара 25. коло на Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Крстевски ќе им суди на Демир Хисар и Света Троица, Лаброски на Влазними и Кораб

Делегирани судиите за четирите натпревари од 14. коло на Третата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!