Ракомет

ФОТО: РК Куманово се враќа дома – новата сезона започнува во реновираната Спортска сала

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање без претходна согласност!
Сподели

Големи вести за љубителите на ракометот во Куманово! По повеќегодишно отсуство, ракометниот клуб Куманово своите натпревари повторно ќе ги игра во легендарната Спортска сала Куманово, која неодамна доби целосно реновиран и модерен изглед.

Салата, изградена во 1980 година и со капацитет од 4.150 гледачи, е вистински храм на спортот во градот. Токму тука, тогашниот Шевро Куманово го освои првиот ракометен Куп трофеј на Македонија по осамостојувањето, што ја прави оваа арена место со посебно значење за кумановскиот спорт.

Новата сезона во машката Супер лига започнува во сабота, кога Куманово ќе го пречека РК Радовиш на домашен терен. Натпреварот ќе се игра со почеток од 19:00 часот, а влезот за сите љубители на спортот е слободен.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање без претходна согласност!

„Цела сезона ќе играме во реновираната сала, што ќе биде дополнителен мотив за ракометарите. Ве повикуваме да дојдете и да бидете нашиот плус играч на теренот за да започнеме со победа“, истакнаа од клубот.

Со подобрени услови, модернизација и поголем капацитет за публиката, Куманово оваа сезона очекува вистинска спортска фешта и максимална поддршка од домашните трибини.

ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање без претходна согласност!

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!