Ракомет

Еурофарм Пелистер преку Вардар до трофејот – Хосни херој на Суперкупот!

Сподели
Сподели

Ракометарите на Еурофарм Пелистер по третпат во историјата го освоија Суперкупот на Македонија, откако во драматичен финиш го совладаа големиот ривал Вардар 1961 со 28-27 (12-13) во Кавадарци.

Мечот понуди вистински ракометен спектакл со многу пресврти, исклучувања и пенали. Вардар подобро го отвори натпреварот и имаше водство од четири гола (9-13), но пелистерци успеаја да се вратат и на одмор заминаа со минимален минус.

Во второто полувреме битолчани играа поангажирано и поведоа со 26-22 десет минути пред крајот. Сепак, вардарци не се предадоа – со серија на голови преку Јанковски и Талески стигнаа до израмнување 27-27 во последната минута.

Токму тогаш, тренерот на пелистерци Гарабаја повика тајм-аут и ја подготви последната акција. Херој на вечерта стана Усама Хосни, кој со гол во последните секунди му донесе нов трофеј на својот тим.

Со овој триумф, Еурофарм Пелистер ја продолжи доминацијата над Вардар – четврта победа по ред и јасна најава дека битолчани повторно ќе атакуваат на титулата оваа сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

Ракомет

Алкалоид поднесе жалба: Скандалозно судење на натпреварот против ГРК Охрид

Алкалоид ремизираше со Охрид во „Билјанини Извори“, откако двете екипи одиграа 27:27...

Ракомет

Прилеп со силен финиш го „скрши“ Куманово, Цветаноски блесна со осум гола

Ракометарите на Прилеп стигнаа до нова победа во плеј-аут фазата од Суперлигата,...

Ракомет

Пилиповиќ: „Покажавме карактер и се вративме по тежок почеток“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!