Втора лигаФудбал

Шкендија Арачиново ја засили одбраната со Арсим Љамалари

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија Арачиново
Сподели

Екипата на Шкендија Арачиново, која има високи амбиции за пласман во врвот на Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), донесе ново засилување во дефанзивната линија. Тимот го ангажира искусниот стопер Арсим Љамалари, кој пристигнува како слободен играч.

Љамалари, кој има 31 година, минатата сезона настапуваше за Беса Добри Дол, но по испаѓањето на тимот од прволигашката конкуренција реши да побара нов предизвик. Кратко време беше дел од Шкупи, но поради кризата во клубот го напушти Чаир и се приклучи на амбициозната екипа од Арачиново.

Во својата кариера Љамалари има настапувано и за Силекс, Маџари Солидарност, за Еуромилк ГЛ и Скопје на домашната сцена, како и за турските клубови Караман и Силифке, што го прави големо засилување за тимот на тренерот.

Шкендија Арачиново одлично ја започна новата сезона во ВМФЛ со две победи во две кола – најпрво во Ресен со убедливи 0:3 против Преспа, а потоа на домашен терен славеше со 2:1 против Охрид. Дополнително, во Купот на Македонија екипата обезбеди место во осминафиналето со победа над Каменица Саса.

Со доаѓањето на Љамалари, клубот ја зацврстува одбраната и ги потврдува своите сериозни амбиции за висок пласман оваа сезона.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Седлоски со Гаштаров од првата минута против Швајцарија

Селекторот Гоце Седлоски го одреди стартниот состав на Македонија за вечерашниот натпревар против Швајцарија во рамките на Лигата на нации. На Националната арена...

Ракомет

ФОТО: Црна Гора ја совлада Србија, за трофејот во Охрид ќе „одлучува“ Македонија

Репрезентацијата на Црна Гора славеше над Србија со 20-19 во последниот натпревар од „Трофеј Македонија“ пред завршната пресметка меѓу Македонија и Хрватска. Возбудливиот...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен ги освои бодовите во мечот со Истатов, тимот од Тетово се врати на врвот во ПЖФЛ

Љуботен триумфираше над Драчево совладувајќи го Истатов со резултат од 0:3, меч...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф и тренерот Дарко Крстески спогодбено ја прекинаа соработката

Второлигашот Кожуф од Гевгелија и досегашниот тренер Дарко Крстески спогодбено ја прекинаа...

Прва лигаФудбал

Нова тренерска промена во Прва лига: Скопје остана без тренер, Муарем Муарем поднесе оставка

Прволигашот Скопје остана без тренер, откако Муарем Муарем поднесе оставка, со што...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!