Кошарка

Феникс за новата сезона се засили со Американецот Маркис Дајвис

Сподели
Сподели

Кошаркарскиот прволигаш Феникс за новата сезона се засили со американскиот интернационалец Маркис Дајвис, кој ги покрива бековските и крилната позиција. Новото засилување на Феникс кариерата ја помина во редовите на силниот Универзитет Арксансас каде во својата последна сезона бележи просек од 9.8 поени и 4.5 скокови по натпревар.

„Виолетово-жолтиот“ дрес ќе го облече и со веќе стекнато интернационално искуство со оглед на тоа што минатата сезона настапуваше во финскиот шампионат за КТП Баскет, а добро му е познато и соседството бидејќи настапи и во Босна и Херцеговина за Славија Сараево бележејќи просек од 7.6 поени и 5.0 скокови.

Феникс минатата сезона во регуларниот дел заврши на 7. место, а потоа во четвртфиналето од плеј-офот беше поразен од Работнички.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое...

Кошарка

Фаворитите сигурни во Првата кошаркарска лига, битката за врвот останува неизвесна

Ниту петтото коло од завршницата во Првата македонска кошаркарска лига не донесе...

Кошарка

Маџари убедлив против Кожув, Куманово со силна завршница го совлада Гостивар

Кошаркарите на Маџари и МКК Куманово остварија важни победи во новото коло,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!