Втора лигаФудбал

Беласица и Охрид ремизираа и ги поделија бодовите во Струмица под рефлектори

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Третото коло од Втората македонска фудбалска лига се комплетираше со натпреварот во Струмица под рефлектори меѓу Беласица и Охрид, конечниот исход беше 1:1.

Двете екипи тргнаа по прва победа во новата сезона од Втората лига, откако Беласица имаше пораз и реми, а пак Охрид два порази. Струмичката фудбалска гордост го играше првиот меч на домашен терен, го прослави својот 102-ри роденден, но не ја израдува публиката со победа.

Охрид прв дојде до водство со голот на Филип Димоски, а потоа од слободен удар со атрактивен гол Љупчо Христовски во 37. минута погоди за 1:1.

Во вториот дел шанси се редеа и пред двата гола, но без завршница, мрежите мируваат и на двете страни, па резултатот од првиот дел стана конечен.

Следува репрезентативна пауза, а потоа продолжуваат натпреварите со 4. коло.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!