Младински фудбалФудбал

ФФМ со рекордна донација на спортска опрема од 150.000 евра за 1.848 млади фудбалери

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија денеска реализира најголема досега донација на спортска опрема за младинските категории во својот натпреварувачки систем.

Вкупно 42 клуба од Супер младинската лига, Втората и Третата младинска лига добија по 44 комплети опрема (тренерки, маици и шорцеви за тренинг, ранци), како и по 30 фудбалски топки. Со оваа акција се опфатени 1.848 млади фудбалери, а донацијата е проценета на околу 150.000 евра, средства обезбедени целосно од ФФМ.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, заедно со Горан Пандев, Агим Ибраими и Ѓорги Христов, им ја предаде опремата на претставниците на клубовите во „Куќа на фудбалот“ и испрати порака за континуирана поддршка и соработка.

„Ова е првпат ФФМ да реализира донација од ваков обем за младинските категории. Нашата цел е младите фудбалери да имаат најдобри услови за развој, а клубовите да бидат растоварени од дополнителни трошоци. Сакам да потенцирам дека опремата е исклучиво наменета за децата и клубовите немаат право да им ја наплаќаат на родителите“, истакна Омерагиќ.

Со оваа донација, ФФМ уште еднаш ја потврди својата стратегија за системска поддршка и развој на младинскиот фудбал – темел на идните успеси на македонските репрезентации и клубови.

Клубови кои ја добија донацијата се:

Супер младинска лига:
АП Брера Струмица, Вардар, Пелистер, Работнички, Шкендија, Македонија Ѓ.П., Шкупи, Њу Старс, Охрид Лихнидос, Брегалница 2008, Тетекс, Скопје, Струга Трим Лум, Арсими, Башкими, Тиквеш.

Втора младинска лига:
Победа, Беласица, Детонит Плачковица, Силекс, Ренова, ССК Нова, Шкендија (А), Куманово, Кул Здравје, Кожуф Гевгелија.

Трета лига – пионери:
Фортуна Скопје, Биџо Куманово, Гроздановски, Новаци, Ускана Кичево, Големо Коњари, Преспа, Љуботен.

Трета лига – помлади пионери:
Фортуна Скопје, Биџо Куманово, Гроздановски, Новаци, Ускана Кичево, Големо Коњари, Преспа, Љуботен.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Четири гола во Подареш, Готен со победа над Младост Муртино

Четвртолигашот Готен од Подареш продолжува со подготовките за новата сезона во Општинската фудбалска лига – Струмица, а тимот од радовишкото село одигра уште...

Трета лигаФудбал

Одличен старт на Пчиња во Трета лига регион 2 под водство на младиот тренер Никола Цветковиќ

Третолигашот Пчиња одлично ја започна сезоната 2026/27, а еден од најзаслужните за позитивниот старт е 25-годишниот Никола Цветковиќ, кој за првпат во кариерата...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Четири гола во Подареш, Готен со победа над Младост Муртино

Четвртолигашот Готен од Подареш продолжува со подготовките за новата сезона во Општинската...

Трета лигаФудбал

Одличен старт на Пчиња во Трета лига регион 2 под водство на младиот тренер Никола Цветковиќ

Третолигашот Пчиња одлично ја започна сезоната 2026/27, а еден од најзаслужните за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!