Турнири

Куманово Еуроспорт викендот учествува на силен Меѓународен турнир во Малта!

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Куманово Еуроспорт постои 20 години, основан во 2004 година во кој тренираат голем број на деца. Клубот во овие 20 години работи успешно со производ на млади фудбалери, а редовно настапува на големи домашни и меѓународни натпревари од каде ФК Куманово Еуроспорт редовно се враќа со големи успеси, златни медали и пехари.

Фудбалскиот клуб Куманово Еуроспорт сега заминува на силен Меѓународен турнир во Малта со генерација 2013, каде учество ќе земе на „KHS Cup“ кој е силен Меѓународен турнир во Малта, а тука учество ќе земат големи фудбалски гиганти од Европа.

Куманово Еуроспорт е сместен во групата 2 каде ќе се соочи со големиот португалски гигант Бенфика, тука е силниот Тандер, Балзан, како и екипите на Хиберниан и Сен Гван. Овој турнир е доста силен и познат, во минатото учество земаа големи европски гиганти кои се познати со работата во младинските категории како Порто, италијански Јувентус, Ливеруп, ПСВ од Холандија, Манечстер Јунајте, Њукасл, Астон Вила, Рома од Италија, Торино, но и други големо европски имиња, а меѓу нив е и токму Куманово Еуроспорт, кој и во минатото учествоваше на овој турнир.

Клубот годинава прослави 20 години успешна работа со млади фудбалери, а по тој повод организираше голем фудбалски спектакл во Куманово односно Меѓународен турнир, а во месец септември и октомври годинава турнир за генерациите 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 и генерација 2017, а турнир кој можевте во живо да го следите на М Нет телевизија.

ФК Куманово Еуроспорт останува посветен на производ на млади играчи, а за самиот успех потврда е 20 годишното постоење.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Паунов: Амбициите на Каменица Саса се јасни – враќање во Втора лига, атмосферата е одлична!

Искусниот Драган Паунов по вторпат во кариерата ќе го носи дресот на Каменица Саса, а главната цел на двете страни во новата сезона...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски го одреди составот на Македонија до 20 години за Медитеранските игри во Таранто

Македонската репрезентација до 20 години ќе биде дел од Медитеранските игри „Таранто 2026“, каде што во групната фаза ќе се соочи со Мароко,...

Поврзани написи
Турнири

ВИДЕО: Познати сите четвртфиналисти на меморијалниот турнир во Дебреште – ќе биде неизвесно за полуфинале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ во прилепско...

Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

Турнири

Меморијалниот турнирот во Дебреште влегува во возбудлива фаза, од утре стартува осминафиналето

Заврши групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!