Ракомет

РК Македонија ЃП создава сопствени играчи: Промовирани седум млади талентирани ракометари!

Сподели
Сподели

Ракометниот прволигаш Македонија ЃП работи на создавање на сопствени играчи и движење на екипата на сопствен погон. Клубот е доста успешен во промовирање на дебитанти во Првата ракометна лига.

Во месец мај годинава беа промовирани Павел Нанчовски и Лука Зафировски, двајцата по 15 години, додека пак во месец септември 2024 година беа промовирани пет млади играчи.

Станува збор за Никола Кузевски кој има 15 години, потоа Матеј Пачемски кој има исто така 15 години, Кристијан Мирков кој има 16 години, како и Данило Ѓорѓиевски кој има 16 години, а беше промовиран и 18-годишниот Ненад Соколовски.

Во блиска иднина РК Македонија ЃП ќе промовира уште млади играчи, на што клубот е максимално посветен во производ на млади играчи со сопствените младински погони.

Во новата сезона Македонија ЃП се натпреварува во групата Б од Првата ракометна игра и има биласт од две победи и едно реми и со вкупно пет бодови го дели првото место со Драчево.

Веќе в недела Македонија ЃП ќе гостува во Штип кај екипата на Текстилец УГД Штип.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
Ракомет

Време е за големо дерби: Вардар Неготино со најдобар напад и најдобра одбрана против Радовиш

Дерби пресметка на два поранешни суперлигаши – Вардар Неготино против Радовиш во...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

Ракомет

Големото ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид ќе се игра во друга сала!

Големото скопско ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид, во рамките на 10....

Ракомет

Дербито меѓу Вардар и Алкалоид во малата сала на „Јане Сандански“

Вардар 1961 и Алкалоид ќе го одиграат дербито од 10. коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!