Успешно заврши овогодинешното издание на Меморијалниот турнир „Зоран Недев – Фелер Куп 2025“ во Неготино.
Оваа година учествуваа 36 екипи во машка категорија и 6 екипи во женска категорија. Организаторите посебно истакнаа дека се посебно горди на учеството на турнирот на децата фудбалери со лесна попреченост Кавадаречки Срца и ФК Карпошово.
Во генерација 2013 прво место освои Тиквеш, втор беше ГФК Неготино, трет Перак, четврто место за екипа на Фортуна, петта беше Ринија, а пак Борец Јуниор шести.
Најдобар играч беше Христијан Димовски од ГФК Неготино, најдобар стрелец Трајче Марков од Тиквеш, а пак најдобар голман Христијан Тофилоски од Перак.
Во генерација 2014 прво место освои Тиквеш, втор беше Џокер, трето место за Перак, четврто место за Куманово 2010, петтото место му припадна на ГФК Неготино 1, а шестото место на ГФК Неготино 2.

Најдобар играч во оваа генерација беше Христијан Николовски од Тиквеш, најдобар голман беше Тео Стамков од Џокер, а најдобар стрелец Дино Митрески од Перак.
Во генерација 2015 конечниот пласман беше вака – прво место ГФК Неготино, второ Тиквеш, трето Фортуна, четврто Џокер, петто место за Перак, шесто место за Борец Јуниор.
Најдобар играч Лазар Наумов од екипата на ГФК Неготино, а од истата екипа Алексеј Димов беше најдобар стрелец. Најдобар стрелец беше Душко Селев од Тиквеш.

Во генерација 2016 првопласиран тим беше Перак, втор ГФК Неготино, трето место за Брера, четврто место за Тиквеш, петто место за Џокер и шесто место за Борец Јуниор.
Најдобар стрелец беше Ахил Ангеловски од Брера, најдобар голман Алексеј Тофилоски од Перак, и најдобар играч Хасан Усинов од ГФК Неготино.
Во генерација 2017 првопласирана е екипата на Азури, втор е Перак, трет е тимот на Форуна, четврто место за ГФК Неготино, петто место за Тиквеш, и шесто место за Брера.
Најдобар стрелец Андреј Митрев од ГФК Неготино, најдобар голман Матео Митрески од Перак, а пак најдобар играч Валентино Васев од Азури.
Во генерација 2018 прво место освои Неготино, второ место за Борец Јуниор, трето место за Тиквеш, четврто место за Азури. На петтото место заврши ГФК Неготино 2, а пак Азури беше шести.

Најдобар играч е Горан Наумов од ГФК Неготино, најдобар голман Давид Стојанов од Борец Јуниор, а најдобар стрелец Љупче Ристов од Азури.
„Оваа година учествуваа 36 екипи во машка категорија и 6 екипи во женска категорија. Посебно сме горди на учеството на турнирот на децата фудбалери со лесна попреченост Кавадаречки Срца и ФК Карпошово. Поделени се 620 медали со што нашето мото “Секое детенце заслужува насмевка” успешно го реализиравме. Голема Благодарност упатуваме до нашиот Генерален спонзор Стив Гарви и претставниците од Евангелската црква и Општина Неготино. Благодарност до родителите и до сите волонтери кои помогнаа за оваа наша фудбалска приказна биде беспрекорно организирана“, велат организаторите на меморијалниот турнир.
Во женска конкуренција во генерација 2013 и помлади прво место освои Атлетико, второ Тиквешанка, трето место Тиверија Брера, четврто место Каменица Саса, петто место Речица и шесто место ГФК Неготино.
Најдобар играч беше Евгенија Костовска од Атлетико, најдобар играч Антонела Митрова од Каменица Саса, а најдобар Јована Туфекчиева од Брера Струмица.