Екипата на РК Младост 1977 Богданци на својот 48-ми роденден одигра возбудлив подготвителен натпревар против суперлигашот РК Куманово, кој заврши со тесна победа за гостите 30-31.
Натпреварот беше доста неизвесен, а прволигашот од Богданци овој пат ја провери својата форма со далеку поквалитетен суперлигаш. Во првиот дел Младост беше доминантен и имаше постојана резултатска предост од три до пет погодоци.
Во вториот дел Куманово го превзеде водството и до последната минута од мечот се играше гол за гол, а со повеќе спортска среќа Куманово беше подобар.

Најефикасни кај Младост беа Даниел Андоновски со осум погодоци и Лазар Адамовиќ со шест гола, кои беа моторот на нападот на богданчани.

Клубот им се заблагодари на гостите за фер и квалитетниот натпревар, кој ја збогати прославата на овој голем јубилеј. Подготовките продолжуваат веќе во сабота, кога Младост ќе му гостува токму на Куманово во нов контролен натпревар.
