Екипата на Дамев Логистик е новиот шампион на турнирот во мал фудбал во Пробиштип, кој традиционално се одржува по повод „Успение на Пресвета Богородица“ и Денот на рударите.
Во возбудливо и неизвесно финале, пресуден беше само еден погодок, дело на искусниот Марио Атанасовски, кој донесе триумф за неговиот тим против составот на Атанасовски.
Финалниот меч понуди голема борба, бројни шанси на двете страни и спектакуларна атмосфера пред преполни трибини. Публиката во Пробиштип уживаше во атрактивен фудбал, а натпреварот го реши само еден момент на инспирација.


Организаторите доделија и вредни награди:
🥇 Дамев Логистик – ваучер од 150.000 денари
🥈 Атанасовски – ваучер од 50.000 денари

Дополнително, беа избрани и најдобрите поединци на турнирот:
⚽ Најдобар голман – Иван Стојановски (ваучер од 5.000 денари)
⚽ Најдобар играч – Адријан Мицевски (ваучер од 5.000 денари)

Ова финале уште еднаш го потврди статусот на турнирот како еден од најатрактивните спортски настани во регионот, со одлична организација, силна конкуренција и атмосфера за паметење.

Спортска Мрежа и годинава беше медиумски покровител на овој спортски настан.