Прва женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Љуботен поразен од Розенгард, ќе се бори за Европа Купот на УЕФА!

Сподели
ФОТО: ЖФК Љуботен
Сподели

ЖФК Љуботен го заврши настапот во Лигата на шампионите, откако во полуфиналето од квалификацискиот турнир беше убедливо поразен од шведскиот великан Розенгард со 5:0.

Тетовчанки храбро му парираа на противникот речиси цело прво полувреме, но во самиот финиш Розенгард поведе преку Имо, која од пенал го отвори резултатот по прекршокот на Мустафа. Второто полувреме донесе целосна доминација на шведскиот тим во 52 минута Сјостром стрелаше за 2:0, по само неколку минуту Имо повторно даде гол во 59 минута и за крај Ларсон стрелаше 2 пати во 80 и  91 минута за конечни 5:0.

Со овој пораз Љуботен останува без можност за пласман во наредната рунда од Лигата на шампионите, но сепак ќе има нова европска шанса. Македонскиот шампион ќе игра за третото место во групата, кое обезбедува настап во новоформираниот Европа Куп на УЕФА. Ривал на „малото финале“ ќе биде  тимот Сараево од Босна и Херцеговина на 30 август со почеток од 13:00 часот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!