Прва лигаФудбал

ФК Шкупи и ФК Вардар утре на „Младост“ во Струмица !

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Натпреварот од четвртото коло во Првата фудбалска лига меѓу Шкупи и Вардар ќе се одигра утре (петок) на стадионот „Младост“ во Струмица со почеток во 16:30 часот.

Одлуката ја донесе Комисијата за натпревари при Фудбалската федерација на Македонија, откако беше констатирано дека стадионот во Чаир не ги исполнува минималните услови за организација на прволигашки натпревари.

Ова ќе биде прв домашен настап на Шкупи по службениот пораз во првото коло против Силекс (0-3), кога дуелот не се одигра поради проблемите со инфраструктурата на стадионот во Чаир, Шкупи засега нема победа во првите 3 кола има 3 порази додека Вардар има 2 победи и 1 реми.

Натпреварот меѓу Шкупи и Вардар носи дополнителна доза на внимание, бидејќи станува збор за дерби со традиција и големо ривалство, а двата тима имаат потреба од бодови за подобра позиција на табелата.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6. коло на Суперлигата. Избраниците на Борис Ројевиќ одиграа сигурен натпревар, ја...

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја продолжи победничката серија со триумф над Струга, Тиквеш се радуваше на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Шампионот Проект убедливо ја отвори сезоната: Шест гола во мрежата на Јувентус Серава

Македонскиот футсал шампион Проект со убедлива победа ја започна одбраната на титулата,...

Втора лигаФудбал

Што ќе донесе мечот во Струмица: Беласица сака конечно победа, Пелистер да биде на врвот

Денес ќе се комплетира седмата рунда на Втората македонска фудбалска лига со...

Втора лигаФудбал

Реми на Охрид и Брера, Работнички убедлив, реми во Радовиш и Кочани

Дербито на „Билјанини Извори“ од 7. коло на Втората лига меѓу Охрид...

Прва лигаФудбал

Тиквеш убедлив против Брегалница, Силекс продолжува да се мачи: Арсими се избори за бод во Гостивар

Деветтото коло во Првата македонска фудбалска лига донесе сигурен триумф за Тиквеш...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!