Ракомет

ФОТО: Динамо Панчево со победа над Киндил до седмото место на турнирот „Крсте Андоновски“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Екипата на Динамо Панчево го освои седмото место на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид, откако во дуелот за пласман ја совлада шампионската екипа на Фарски Острови, Киндил, со резултат 28-24.

Натпреварот, кој се одигра во салата „Билјанини Извори“, понуди израмнета игра во првиот дел. Двата тренери одлучија да ротираат повеќе и да им дадат шанса на играчите со помала минутажа, па на пауза се замина со егал резултат, 12-12.

Во второто полувреме избраниците на Никола Јаневски ја засилија одбраната и ја наметнаа својата игра. Богдановиќ и Чабрило беа најефикасни во нападот, носејќи ја својата екипа до водство од плус пет, 23-18, со што практично го решија прашањето околу победникот.

ФОТО: Спортска Мрежа

Со оваа победа, српскиот претставник го заврши турнирот на седмата позиција, додека тимот на Киндил, кој остана без ниту една победа, го запиша и четвртиот пораз.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во продолжение на програмата следуваат натпреварот за петтото место меѓу Партизан и Тримо, дуелот на Вардар и Нексе, како и големото финале во кое ќе се сретнат домаќинот Охрид и македонскиот шампион Еурофарм Пелистер.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаТрета лигаФудбал

Тетекс или Влазними – борба за Втора лига

Денес на стадионот во Ѓорче Петров ќе се одигра последниот бараж натпревар за влез во Втора лига. Тетекс ќе бара опстанок во Втора...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Дамите на Медитерански игри против Косово, Алжир, Грција и Турција

По завршувањето на учеството во Европската лига 2026 втора акција за женската сениорска репрезентација на Македонија летово ќе биде настапот на 20. Медитерански...

Поврзани написи
Ракомет

„Ќе го дадеме максимумот за овој град и за овој клуб!“ – Пилиповиќ верува во европска титула

ГРК Охрид в недела ќе го игра најважниот натпревар во својата историја....

Ракомет

Градоначалникот Пецаков на средба со потпретседателот на ЕХФ: Пофалби за проектот на ГРК Охрид

Охрид е во исчекување на големото финале од ЕХФ Европскиот куп против...

Ракомет

Кукуловски: „Татабања нема лесно да се предаде, но веруваме во освојување на трофејот!“

ГРК Охрид е пред историски момент и натпревар кој може засекогаш да...

Ракомет

Пелистер го доби директниот дуел со Алкалоид и завери место во Европската лига!

Еурофарм Пелистер со победа ја затвори сезоната и го обезбеди второто место...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!