Младински фудбалФудбал

ФК Света Троица од Охрид врши упис на нови членови во фудбалската академија

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Света Троица 2021 од Охрид, кој се натпреварува во Трета лига – Југозапад, започнува со уписи на нови членови во својата фудбалска академија за деца на возраст од 5 до 14 години.

Првиот тренинг ќе се одржи во сабота, 30 август, со почеток од 17:30 часот, на новиот фудбалски терен кај Касарната во Охрид.

Академијата нуди Редовни тренинзи под водство на лиценцирани тренери, развивање на спортски дух, дисциплина и тимска работа, како и можност за нови пријателства и дружење.

Контакт за пријавување и информации, кај Васко на 071 934 509, кај Аце на 077 606 722 и кај Влатко на телефонскиот број 075 606 935.

ФК Света Троица ги повикува сите млади љубители на фудбалот да станат дел од нивното големо спортско семејство и да го направат првиот чекор кон развој на својата спортска кариера.

Дополнително како што веќе информиравме, Спортска Мрежа ќе биде медиумски партнер на ФК Света Троица 2021 за сезона 2025/2026, на што сме особено горди, а како поддршка на нисколигашите. Изминатиот период најавивме максимална промоција и поддршка на охридскиот спорт, а наскоро следуваат детали околу сите активности на Спортска Мрежа Охрид.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) против ФК Скопје ќе претрпи промена на...

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со ново офанзивно засилување од Нигерија

Прволигашот Струга Трим Лум продолжува со засилувањето на тимот, а најново име во составот е 20-годишниот Даниел Акинлосоту од Нигерија. Станува збор за...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Промена на теренот: ГФК Тиквеш и ФК Скопје ќе играат на ФФМ

Од ГФК Тиквеш информираат дека утрешниот натпревар од 4. коло во Првата...

Прва лигаФудбал

Струга Трим Лум со ново офанзивно засилување од Нигерија

Прволигашот Струга Трим Лум продолжува со засилувањето на тимот, а најново име...

ИнтернационалциФудбал

Турчинката Селин Туркоглу го засили поранешниот шампион на Македонија – големо засилување за Каменица Саса

Поранешниот шампион на Македонија, Каменица Саса, продолжува да го гради тимот за...

Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!