ИнтернационалциФудбал

Дарко Гроздановски ја напушти Македонија – продолжува во италијанскиот фудбал!

Сподели
Сподели

Искусниот голгетер Дарко Гроздановски во новата сеозна 2025/2026 нема да настапува во македонскиот фудбал, кариерата ја продолжува во италијанскиот фудбал.

26-годишниот фудбалер ја засили екипата на Олимпија Агнонезе, а во италијанскиот тим Гроздановски доаѓа од сега веќе некогашниот прволигаш Воска Спорт од Охрид.

Претходно, Гроздановски настапи за второлигашот Кожуф од Гевгелија во есенскиот дел на минатата сезона каде беше најдобар стрелец со седум погодоци, а низ својата кариера настапуваше и за Силекс, Победа, Беласица и Тиквеш во македонскиот фудбал, беше дел од младинскиот тим на Црвена Звезда, потоа во Србија настапуваше и за Прва Искра, додека пак во Црна Гора настапуваше за Грбаљ.

Дефинитивно Олимпија Агнонезе добива проверено и искусно име во своите редови за новата сезона со што ќе атакува на остварување на своите цели за новата сезона.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот суперлигаш Земун, откако во рамките на 9. коло одигра 1:1 против...

Ракомет

Унгарски судии за европскиот предизвик на Вардар против Нант!

Вардар го очекува првиот домашен европски предизвик во новата сезона од Лигата на шампионите, а за дуелот со Нант веќе се познати и...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!