Ракомет

Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид од следната сезона со нов формат и врвни екипи

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид од година во година станува сè поквалитетен и поатрактивен за љубителите на ракометот. Ова издание брои осум силни екипи, меѓу кои три национални шампиони – Еурофарм Пелистер, Партизан и Киндол, поранешниот европски првак Вардар 1961, засилениот Охрид, како и Нексе Нашице, Тримо Требње и Динамо Панчево.

Сепак, организаторот РКГ Охрид, заедно со локалната самоуправа, веќе размислува за промени во форматот на натпреварувањето. Од следната сезона можно е турнирот да се игра со шест екипи наместо со досегашните осум. Оваа идеја е дел од стратешката визија за концентрирање на квалитетот и обезбедување уште поатрактивни дуели.

За изданието во август 2026 година веќе се потврдени две големи имиња, тоа е поранешниот европски првак Загреб и германскиот Вецлар, бундеслигаш во кој настапуваа македонските ракометари Филип Миркуловски и Филип Кузмановски.

Со автоматското учество на домаќинот Охрид, веќе се познати половина од учесниците, а останатите три места ќе бидат распределени меѓу клубови од Македонија, регионот и Европа.

Организаторите најавуваат уште поинтересно и подинамично натпреварување, кое има за цел да ја зголеми препознатливоста и престижот на турнирот. Во првите три изданија, пехарот го освојуваа Тиквеш, Еурофарм Пелистер и Вардар 1961.

Сосема извесно, „Крсте Андоновски“ станува една од најзначајните предсезонски спортски манифестации во регионот, привлекувајќи врвни тимови и љубители на ракомет од цела Европа.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Останато

ВИДЕО: Team Carvalho Macedonia организираше стручен семинар во Радовиш со Наде Ристов: Ново знаење и искуство за младите спортисти

Во спортската сала на клубот за бразилско џиу-џицу Team Carvalho Macedonia од Радовиш под водство на Методија Зајков денес се одржа стручен семинар,...

Останато

Пелистер Волеј ја задржа својата надеж – Мила Андоновска останува во Битола

Женскиот одбојкарски клуб Пелистер Волеј продолжува да го гради тимот за новата натпреварувачка сезона, а раководството обезбеди продолжување на соработката со младата одбојкарка...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: Погледнете како изгледа реновираната сала „Млаз“ во Богданци

Спортската сала „Млаз“ во Богданци по влезот на Младост во Супер лигата...

Ракомет

ФОТО: Горан Андоновски прозиваше – суперлигашот Младост од Богданци ги започна подготовките

На првиот собир се појавија сите ракометари на кој охридскиот стратег ќе...

Ракомет

Искусната голгетерка Марија Анчева се раздели со Астибо – почнува битката за нејзиниот потпис

Една од најдобрите македонски ракометарки и најдобар стрелец во историјата на женскиот...

ИнтервјуРакомет

ИНТЕРВЈУ| Ројевиќ: „Ќе продолжиме да го даваме својот максимум за овој клуб и за овој град“

Историската сезона во која ГРК Охрид го освои ЕХФ Европскиот куп останува...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!