Прва лигаФудбал

Шкендија со ново засилување – се враќа Адтхе Мазари

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Тетовска Шкендија не мирува на трансфер-пазарот и во пресрет на плеј-офот од Лига Европа против Лудогорец го официјализира најновото засилување – офанзивецот Адтхе Мазари.

Стружанецот доаѓа како позајмен играч од хрватскиот прволигаш Вараждин, со договор на една сезона. Таму не успеа да се наметне и во минатата натпреварувачка година одигра само шест натпревари, па враќањето во македонскиот шампионат може да биде вистинска прилика за нов почеток.

Со неговото ангажирање, Шкендија очекува да ја засили напаѓачката линија, особено по најавите дека Тамба е пред трансфер во Турција.

Мазари добро е познат на домашната сцена. Пред заминувањето во Вараждин, три сезони беше еден од носителите на играта во Работнички, а претходно настапуваше и за Победа, Охрид и Струга.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а најновата новина е модерниот и брендиран клупски автобус со кој ракометарите...

ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување на развојот на сопствените млади играчи, градење на тим за долгорочен...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера пристигна во Андора, одработен последниот тренинг пред утрешниот меч во младинската Лига на шампиони

Брера Струмица пристигна во Андора, младинскиот тим денес го имаше последниот тренинг...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона на Втората женска лига, дури четири дебитанти и еден повратник

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе донесе изменет состав...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!