Ракомет

ФОТО: Еурофарм Пелистер извлече реми во трилер против Тримо Требње!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер одигра драматично 32-32 против словенечкиот Тримо Требње на вториот ден од меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид. Натпреварот понуди вистинска ракометна битка, со пресврти, неизвесност и спектакуларен финиш, а бодот беше спасен во последните секунди.

Иако пелистерци настапија без капитенот Филип Кузмановски, голманот Никола Митревски, десниот бек Хосни, како и повредените Ристевски и Кузманоски, момците на Рубен Гарабаја покажаа голем карактер и борбеност.

Израмнето прво полувреме

Натпреварот започна со гол за гол, а по првите десет минути „зелено-белите“ поведоа со 6-4. Сепак, словенечките ракометари на Бранко Тамше вратија и на полувреме имаа минимално водство од 15-14.

ФОТО: Спортска Мрежа

Драма во второто полувреме

На стартот на вториот дел, Тримо ја искористи слабата одбрана на Пелистер и се одлепи на „+5“ (20-15). Но, битолчани не се предадоа. Дејан Манасков и Анжеј Видомски повлекоа во нападот, а голманот Саид Хеидарирад блескаше со неколку клучни одбрани. Пелистер се врати во игра и израмни на 25-25, внесувајќи нова доза неизвесност.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во финишот, македонскиот шампион поведе со 28-26, но Словенците не се откажаа и одговорија со серија за ново израмнување. Кога се чинеше дека Тримо ќе го однесе триумфот, на сцена стапи херојот на вечерта – Анжеј Видомски. Со силен удар од девет метри, Полјакот погоди во последните секунди и го спаси бодот за својот тим.

ФОТО: Спортска Мрежа

Следен предизвик

По ремито, Еурофарм Пелистер има еден бод и вечерва од 21:00 часот ќе го игра македонското „ел класико“ против Вардар. Натпреварот ветува нова ракометна драма, а охридската публика повторно ќе има што да види.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!