Ракомет

ФОТО: Нексе рутински го совлада Киндил и остана во трка за финалето во Охрид

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Ракометарите на Нексе Нашице ја забележаа својата прва победа на Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид, совладувајќи го шампионот на Фарските Острови, Киндил Торшавн, со убедливи 28-20. Со овој триумф хрватскиот вицепрвак останува во игра за пласман во финалето, откако во првото коло беше поразен од белградски Партизан.

Натпреварот започна израмнето, а тимот од Фарските Острови успеа да го искористи бавниот старт на Нексе и да поведе во раната фаза. Сепак, по десеттата минута избраниците на Крешо Иванковиќ пронајдоа ритам, влегувајќи во серија од 6-1 и поведоа со 8-5. До крајот на првиот дел, хрватскиот тим ја контролираше играта и на полувреме замина со комотно водство од 15-10.

Во второто полувреме тренерот на Нексе им даде шанса и на играчите со помала минутажа, но тоа не се одрази на резултатот. Квалитетот и поширокиот ростер на хрватскиот тим дојдоа до израз, па предноста постепено се зголемуваше, за на крајот да застане на безбедни 28-20.

Кај Нексе најефикасни беа Тин Лучин и Козина со по четири гола, додека кај Киндил се истакнаа Совсегар со пет и Тисен со четири погодоци.

ФОТО: Спортска Мрежа

По оваа победа, хрватскиот вицепрвак останува во игра за првото место во групата, но за тоа ќе му биде потребна победа против домаќинот Охрид и поволен развој на останатите резултати.

Сега на Нексе им следува ден одмор пред, можеби, клучниот натпревар на турнирот – директната пресметка со Охрид за место во финалето.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти...

Ракомет

Вардар немоќен пред Висла Плоцк: Трет пораз за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар 1961 го претрпеа третиот пораз во Лигата на шампионите,...

Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!