Екипата на Минти Транс е победник на традиционалниот турнир во мал фудбал во дебарското село Долно Косоврасти, откако во големото финале преку пенали славеше над Тим Хазал.
Регуларниот дел понуди четири погодоци за реми од 2:2, па пенали го решаваа победникот.
За Тим Хазал стрелци беа Мелвин Ахмеди и Фатјон Леши, а пак за Минти Транс двоен стрелец беше Мерсим Јонузоски.
Во пенал серијата екипата на Минти Транс беше попрецизна и стигна до шампионската титула.
Спортска Мрежа годинава за првпат го поддржа медиумски турнирот во мал фудбал во дебарското село Долно Косоврасти.