Турнири

ФОТО: Гранит Х со моќна победа – Бел Мерцедес доминира со девет гола на турнирот во Волино

Сподели
Сподели

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Богородица Куп 2025“ во Волино се одиграа четири возбудливи натпревари кои донесоа многу голови и динамика. Најголемото внимание го привлече екипата на Гранит Х, која одигра фантастичен меч и славеше со убедливи 6:0 против Кибо пласт, со што испрати јасна порака дека е во врвна форма и има големи амбиции за понатамошниот тек на турнирот.

Не помалку впечатлива беше и екипата на Бел Мерцедес, која целосно го надигра составот на Плажа Канео, победувајќи со високи 2:9, во дуел кој уште еднаш потврди дека Бел Мерцедес е тим кој знае да доминира на теренот и да ја казни секоја грешка на противникот.

Во првиот натпревар за вечерта, Брумел со минимални 1:0 го совлада Новапор, додека во третото соочување, екипата на Екстра Скопско беше подобра од Сатеска и славеше со 1:3, во меч исполнет со голема борба и темпо до самиот крај.

  • Најава за утре (вторник 19.08.2025):

20:00 Блу фиш – Дооел Ноче

21:00 Мартиник мебел – Чардак Велгошти

22:00 Инекс Олгица и Спа – АД Галеб

23:00 Гостилница кај Мече – Македонија

Следува нова вечер исполнета со дерби натпревари, каде љубителите на фудбалот ќе имаат можност да уживаат во уште повеќе возбудувања.

Спортска Мрежа годинава по првпат медиумски го поддржува овој спортски настан во селото Волино, општина Дебрца.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

ФОТО: Одбојкарски турнир во Радовиш по повод патрониот празник на СОУ „Коста Сусинов“ – домаќинот до трофејот

По повод патрониот празник на СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш, се одржа одбојкарски турнир во кој учество земаа средното училиште домаќин и три...

ФудбалФутсал

Новиот шампион Проект со убедлива победа над Осогово, Форца и Бутел пресилни!

Новиот шампион Проект стигна до 18-тата сезонска победа од толку натпревари откако славеше со 3:9 над Осогово во Крива Паланка. За гостинот од...

Поврзани написи
Турнири

Интернационал Мастерс Куп 2026 расте: Пансерраикос и АК Фудбала 11 нови имиња на турнирот

Југоисточна Македонија во месец мај повторно ќе биде во знакот на младинскиот...

Турнири

Охрид Куп 2026 – Зошто сè повеќе екипи го избираат овој турнир?

Во време кога младинскиот фудбал сè почесто се сведува на резултати и...

Турнири

Чукарички пристигнува во Македонија: белградскиот клуб дел од Интернационал Мастерс Куп 2026

Југоисточна Македонија во месец мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал,...

Турнири

Зошто „Охрид Куп 2026“ е вистинскиот избор за вашата екипа?

Во време кога младинскиот фудбал сè повеќе се сведува на резултати и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!