Вечерва се одигра последниот ден од групната фаза на турнирот во мал фудбал во Подареш, а овие натпревари донесоа и многу погодоци.
Атанасов Градба Подареш имаше победа од 5:0 над тимот на Оптимус, а веќе во вториот меч и дерби Даниел Инженеринг загуби од Конзул Транс со 1:3.
Во третиот меч се случи вистинска ерупција на погодоци откако Даниел Инженеринг со 10:3 го „прегази“ составот на Инсајд Стил кој беше инфериорен на теренот и немаше капацитет да го запре налетот на расположение тим на Даниле Инженеринг.
Турнирот во Подареш носи нова димензија на возбудувања – започнува елиминационата фаза.

- РАСПОРЕД ВТОРНИК 19 АГУСТ 2025:
20:30
Еуро Дом – Подареш
21:30
Дивино – Инсајд Стил
22:30
Даниел Инженеринг – Алекс Сим
- СРЕДА 20 АВГУСТ
21:00
Оливер Промет – Готен Јуниор
22:00
Ан Са Дизајн и Перо и Тајфата – Оптимус
- ЧЕТВРТОК 21 АВГУСТ
20:30
Фурна Марфи – Бунарџик
21:30
Конзул Транс – Ас Мк Подареш
22:30
Атанасов Градба Подареш – Фреит Оне
Спортска Мрежа по првпат е медиумски покровител на овој спортски настан.