Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ас Јунајтед со осум гола против Атлетико, шампионот Љуботен убедлив над Истатовки, Брера слави со два гола против Топ Гол

Сподели
Сподели

 Викендов стартуваше новата сезона во Првата женска фудбалска лига. Во првото коло главно фаворитите забележаа убедливи победи.

Актуелниот шампион, ЖФК Љуботен, на домашен терен ја декласира екипата на ЖФК Истатов со убедливи 5:0. Стрелци на головите беа Хава Мустафа во 57. минута за 1:0, потоа Ајури Тераваки постигна еден гол, додека два гола на Охадиве Мариан Огочукву и еден на старо-новото засилување Јулија Живиќ ја заокружија убедливата победа.

Во Скопје, екипата на ЖФК Скопје со 3:0 го совлада новиот прволигаш, ЖФК Кочани. Резултатот го отвори Мила Панева во 34. минута, а останатите два гола беа дело на Крстева Кристина и Бесарта Фиде.

На гостински терен, ЖФК Каменица Саса ја совлада екипата на ЖФК Речица со 3:1. Два гола за победничкиот тим постигна капитенката Ана Димитровска, а еден гол додаде Фрагосо Туане Де Соуза. Единствениот гол за домаќинките беше дело на Митковска Емилија во 56. минута.

Највисока победа во првото коло забележа ЖФК АС Јунајтед, која на домашен терен со 8:0 го совлада ЖФК Атлетико. Веса Села и Теодора Далческа се радуваа на хет-трик, додека останатите два гола беа дела на Оливера Цоклеска и Речи Ихдина.

Најнеизвесниот меч од колото се одигра помеѓу екипите на ЖФК Топ Гол и ЖФК Тиверија Брера. На полувреме битолчанки заминаа со минимални 1:0 по голот на Петковска Емилија, но во второто полувреме Тиверија Брера со головите на Ивана Илиева и Пецева Розита успеа да го преокрене резултатот и да забележи прва победа во сезоната.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Пријателски меч на третолигашите Овче Поле и Борец

Утре ќе биде одигран пријателски меч меѓу Овче Поле и Борец, кој ќе се одигра на Градскиот стадион во Свети Николе со почеток...

Трета лигаФудбал

Спировски: Во недела одиме по историја во Струга, јас ветувам дека Втора лига ќе ја донесам во Могила!

Во рамки на 16. коло од Трета лига – Југозапад, љубителите на фудбалот ќе имаат можност да проследат вистинско дерби, откако второпласираната Могила...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Пријателски меч на третолигашите Овче Поле и Борец

Утре ќе биде одигран пријателски меч меѓу Овче Поле и Борец, кој...

Прва лигаФудбал

Фатмир Бафто ќе им суди на Башкими и Вардар, Александар Урошевиќ главен на Арената

Утре се играат нови два натпревари од 30. коло на Првата македонска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!