Прва лигаФудбал

Димитар Капинковски пред дуелот со Брера: „Секогаш даваме максимум и целиме на победа“

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели

 ФК Пелистер утре ќе гостува кај Брера во Струмица во рамките на второто коло од Првата македонска фудбалска лига. Двете екипи на стартот на шампионатот доживеаа убедливи порази, па сега имаат шанса да се борат за првите бодови и да го подобрат стартот на новата сезоната.

Во пресрет на утрешниот дуел кој е закажан во 17:00 часот во Струмица, своите очекувања ги изнесе тренерот на зелено-белите, Димитар Капинковски:

„Првенството е на самиот почеток. Генерално, сите екипи, освен оние што имаа настапи во Европа, сè уште се компонираат и ги играат своите први натпревари. Поради тоа сметам дека барем на стартот шансите за позитивен резултат се 50/50.

Ние, како ФК Пелистер, на секој натпревар се подготвуваме максимално, без разлика на противникот, и секогаш ќе се стремиме кон позитивен резултат. Преодниот рок трае до 7 септември и останува можноста да донесеме играч кој би придонел за реализација на зацртаните цели“, изјави Капинковски.

Главен судија на мечот е Ѓоргиев Крумислав (Штип), прв помошник е Петковски Мартин (Куманово), втор помошник Гигов Александар (Штип), за четврти судија е назначен Тефику Ндерим (Куманово). Во вар собата ќе бидат Салихи Пларент (Тетово) и Изризи Фуркан (Тетово), делегат на мечот е Игнатов Павле (Пробиштип) а контролор Шуклев Благој (Стојаково).

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Тежок удар за Вардар: македонскиот тим немоќен против Монпелје“

Македонскиот Вардар 1961 се враќа од гостувањето во Франција со убедлив пораз од 33-23 во првиот четвртфинален натпревар од Европската лига, резултат што...

КупФудбалФутсал

Познати судиите кои ќе го судат Куп финалето меѓу Проект и Кеги Моби

Утре во Гевгелија се игра големото финале во футсал Купот на Македонија меѓу екипите на Проект и Кеги Моби. Познати се судиите кои...

Поврзани написи
КупФудбалФутсал

Познати судиите кои ќе го судат Куп финалето меѓу Проект и Кеги Моби

Утре во Гевгелија се игра големото финале во футсал Купот на Македонија...

КупФудбалФутсал

Голем интерес за футсал финалето во Гевгелија: Проект и Кеги Моби пред спектакл за Куп трофејот

Гевгелија вечерва ќе биде во знакот на футсалот, а интересот кај спортската...

Фудбал

ФФМ организираше инклузивен турнир во Скопје

На теренот на Тренинг центарот Петар Милошевски денеска се одржа инклузивен турнир...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!