Останато

Огромен успех на Марко Алексовски – шампион на турнирот во Барселона!

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски постигна огромен успех на турнирот во Барселона (за играчи до 14 години), освојувајќи го шампионскиот пехар. На патот до титулата тој во последните три меча елиминира тројца од првите четири носители и сосема заслужено стигна до трофејот.

Во денешното финале на престижниот „Антонио Хернандез Куп“ (категорија 1), Алексовски славеше против вториот носител, Шпанецот Стефан Шангичев. Ривалот го доби првиот сет во тај-брејк со 7-6 (8:6), иако Марко имаше три сет-топки. Но, тоа не го поколеба младиот македонски талент – напротив, во вториот сет заигра уште поагресивно и поведе со 3-0 во гемови, по што Шангичев го предаде мечот.

На патот до финалето, Алексовски во полуфиналето го совлада четвртиот носител, Јаков Мазин, додека во четвртфиналето беше подобар од првиот носител, Португалецот Франциско Сардиња.

Алексовски е дел од тимот на ITF-Tennis Europe, кој е финансиран од Grand Slam Development Fund. Пред една недела играше полуфинале на турнирот во Белгија, а веќе следната недела ќе настапи на нов турнир во Аликанте, Шпанија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
Останато

ФОТО: Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија, откако славеше убедливо над Вардар ЕМ

Работнички Скопје е освојувач на „Чајка“ Супер купот на Македонија откако славеше...

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!